Нема нови вработувања во институциите за спроведувње на Законот за јазици

И покрај тоа што е предвидено дека после една година по стапувањето во сила на Законот за употреба на јазиците сите институции треба да донесат подзаконски акти за спроведување на Законот. Инспекторатот и Агенцијата за употреба на јазиците се уште не почнале да се конституираат. Од Владата велат дека нема да се вработи ниту еден нов вработен во овие две институции што ги предвидува Законот за јазиците, туку ќе се искористат постојните капацитети на јавната администрација.

И од страна на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор се уште не почнале со избор на административци кои ќе се ангажираат во Агенцијата за јазиците. Оваа институција за време на викендот не успеа да обезбеди податоци за тоа колку вработени имаат посебни квалификации како лингвисти и преведувачи, квалификации кои ќе се користат во Агенцијата за преводи.

Универзитетскиот професор, Авзи Мустафа се сомнева во професионалната способност за превод и лекторирање што можат да го имаат овие вработени кои се очекуваат да се вклучат во оваа Агенција. Тој вели дека е неопходно сите кадри за превод да имаат интензивен курс на катедрите за албанологија.

„Сите оние кои сакаат да конкурираат во овие органи, прво ќе треба да следат шестмесечен курс на соодветните катедри, а потоа да се купат сите правописни речници и објаснувачи и на овој начин тие да добијат лиценца за која ќе бидат обучени. Ќе се види кој е способен, бидејќи не можат сите да имаат исти способност или предиспозиции за да бидат добри преведувачи или лектори. Ова според мене значи дека сега одговорноста нема да биде колективна, туку ќе се знае кој е одговорен за сите оние грешки што ги забележуваме во секое место каде се пишува на албански јазик“, рече Мустафа.

Практичното, примената на Законот се очекува да се прави од страна на двете институции, Агенцијата за спроведување на јазиците, која ќе биде составена од овластен судски преведувачи, лингвисти, дипломирани албански филозофи и лиценцирани лектори. Тие ќе бидат предводени од страна на директорот на Агенцијата, кој ќе биде назначен од страна на Владата преку јавен оглас.

Покрај Агенцијата, предвидено е и формирање на инспекциски надзор за употреба на јазиците. Исто така, се предвидува во рок од шест месеци од усвојувањето на Законот сите институции да ги спроведуваат обврските од членот 7 од Законот. За непочитување се предвидени казни од четири до пет илјади евра за институциите кои се наведени во членот 1 точка 3 и член 2 точка 3 од Законот, а 30 отсто од оваа сума за службените и одговорни лица во органите од точката 1 на овој Член. Од Кабинетот на Претседателот не даваат информации дали Ѓорѓе Иванов ќе го потпише Законот.

Велат дека Претседателот ќе одговори во рокот утврден со закон. Критиките што Иванов ги имаше против Законот во новогодишниот говор пред пратениците, остава да се разбере дека може и да не го потпише. Но, претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека и покрај ваквата можна одлука на Иванов, Законот повторно ќе се усвои во Собранието.

Извор: алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e