-Царинските служби во светот, вклучително и во регионот, се постојано исправени пред предизвикот за спроведување на сите активности за олеснување на трговијата што се дел од царинско портфолио. Постојaно е потребно да се вложуваат големи напори за зајакнување на институционалниот, човечкиот и техничкиот капацитет во олеснувањето на трговијата и исполнувањето на стандардите и очекувањата од економските оператори. Царините на патот за постигнување на максимално забрзување на своето работење и поголема ефикасност, преку поедноставување и модернизација на царинските процедури е потребно постојано да соработуваат со голем број на учесници во маѓународната трговија и движењето на стоки, изјави денеска во своето обраќање на неформалниот регионален состанок на директори на Царински управи од Западен Балкан, директорот на Царинската управа на Македонија, Ѓоко Танасоски.
Взаемната соработка помеѓу царинските служби претставува многу важен сегмент од работењето и успешноста. Размената на мислења, искуства и најдобри практики, во царинското работење води кон ефикасни решенија и подобри резултати. Од особена важност е примената на современата комуникациска технологија и навремена размена на податоци. Во таа насока соработката со меѓународните и донаторски организации активни во областа на олеснувањето на трговијата обезбедува дополнителни ресурси и стручност за реализација на поставените цели. На состанокот со моите колеги и претставниците на меѓународните организации, кој се одржува во Скопје, ќе се дискутира за изнаоѓањето на модалитети и договарање на идните активности за забрзување на царинските постапки, изјави Танасоски.
Видео од обраќањето на Директорот на Царинската управа на Република Македонија: