Недела на преговори за името пред средбата Заев-Ципрас во Софија

Конечен договор за решавање на „проблемот со името се очекува на средбата меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас која е планирана за 17 мај на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија.

На средбата и претходи интензивна недела на преговорите, во рамките на која се очекува да се отворат спорните прашања, пред се опсегот на употреба на името, но и барањето на грција за измени во македонскиот устав.

Премиерот Заев на почетокот на минатиот месец изјави дека кога ќе биде закажана следната средба меѓу него и Ципрас всушност ќе значи дека преговорите се при кај и оти решението е на повидок.

Грчките медиуми пак потенцираат дека и покрај тешкотиите што постојат, постигнат е важен напредок и договор во поголемиот дел од темите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e