Наставници од прво до трето одделение се вакцинираат во А1 Арената

Започна вакцинацијата на наставниот кадар во основното образование од прво до трето одделение, како дел од масовното вакцинирање во А1 Арена – салата „Борис Трајковски“, соопшти од Министерството за образование и наука.

– Вакцинацијата на наставниците започна од вчерашниот ден и продолжува во наредниот период. Станува збор за етапно вакцинирање при што од страна на здравствените работници се повикуваат наставниците со однапред закажан термин и час. Министерството за образование и наука апелира наставниците да се пријавуваат за вакцинација со цел побрзо сузбивање на корона вирусот, информираат од МОН.

Од таму велат дека состојбата во образование со коронавирусот е стабилна и хибридниот модел на настава кој се применува се покажа како ефективен за заштита на учениците и наставниците од ширење на Ковид-19 во училиштата.

– Во овој период на територија на целата држава има 57 инфицирани ученици и 130 наставници кои следат и изведуваат настава со физичко присуство, што е исклучително ниска бројка. Процесот на вакцинација заедно со почитувањето на мерките засега е единствениот начин да ја намалиме трансмисијата во државата вклучително и образовните институции, додаваат од МОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e