Народниот правобранител изразува длабоко жалење за трагичниот настан во болницата во Тетово, во кој животот го загубија голем број на пациенти хоспитализирани за лекување од Ковид -19, а во кој има и повредени пациенти и здравствени работници.
„Сцените од ширењето на пламените јазици, борбата за спасување на секој човечки живот, никого не можат да го остават рамнодушен.Секоја слика од овој немил настан создава болка и предизвикува тага за загубата која ја претрпеа голем број на семејства“, се вели во соопштението испратено од таму.
Народниот правобранител изразува сочуство до семејствата на трагично загинатите лица, а воедно изразува надеж за брзо опоравување и оздравување на повредените во овој настан. Смета дека само со брза и ефикасна истрага ќе се докаже дека функционира правната држава- системот.
„Одговорност за трагичниот настан мора да има. Тоа дражавата во најмала рака им го должи на семејствата кои останаа без своите најблиски“, потенцира Народниот правобранител.