Во завршна фаза се подготовките за започнување на градежни работи на Граничниот премин Деве Баир кон соседна, Република Бугарија.
После 11 години, само крпење на дупките, како што дознаваме, веќе од наредната недела, ќе се започне со комплетна замена на асфалтната површина на граничниот премин, како и на потегот од Царинската вага до влезот на терминалот.
Граничниот меѓу-простор ќе биде проширен, “старата вага” ќе се отстрани а истата површина ќе биде асфалтирана и при влез во државата, наместо досегашните две, ќе се користат три сообраќајни ленти со што ќе се намали времето на чекање и ќе се забрза протокот на патничкиот промет во денови кога има зголемена фреквенција на возила и патници.