Напредок е постигнат во превенција и борба против корупцијата, оцени Европската Комисија

Еве што вели Извештајот на ЕК за реформскиот напредок на Северна Македонија во делот „Борба против корупцијата“:

Северна Македонија е умерено подготвена во превенцијата и борбата против корупцијата. Одреден напредок е постигнат во превенција и борба против корупцијата.

Напредок е постигнат бидејќи земјата продолжи да ги зајакнува своите достигнувања со истрага, гонење и судењена неколку случаи на корупција, вклучително и на високо ниво, и ја зајакна својата институционална рамка, особено Државната комисија за спречување корупција и Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Во април 2021 година, Парламентот ја усвои Националната стратегија за спречување корупција и судир на интереси 2021-2025 година и поврзаниот акционен план, консолидирајќи ја заложбата на земјата да спречи корупција и да ги санкционира коруптивното однесување.

Земјата има одредено ниво на подготовка во борбата против организираниот криминал. Законската рамка е во голема мера во согласност со европските стандарди и напорите за спроведување стратегии против организираниот криминал мора да продолжат. Постигнат е одреден напредок на оперативно ниво, но треба да се направи повеќе за да се подобри ефикасноста на спроведувањето на законот во борбата против одредени форми на криминал, како што се перење пари и финансиски криминал. Координацијата останува клучна за сите засегнати страни вклучени во борбата против организираниот криминал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e