Наместо за фонтани и споменици парите пренаменети за капитални проекти

На барање на општина Центар,  Владата на Република Македонија  ја усвои Информацијата за измена и дополнување на намената на одобрени, а неискористени средства од Буџетот.

Во периодот од 2007 до 2013 година како капитални дотации од Буџетот на сметката на општина Центар биле префрлени 3, 5 милијарди денари за изградба на фонтани, спомен обележја, летниковец, колонада, постаменти за споменици и скулптури од проектот „Скопје 2014“.Потрошени се 3.463.845.343 денари, а нереализираните средства изнесуваат 83.544.657 денари , кои општина Центар ќе ги искористи за капитални проекти.

Со овие пари ќе се платат доспеаните обврски за изградба на мостови и катна гаража, обврските од судските спорови од време кога градоначалник беше Владимир Тодоровиќ и ненаменско трошење на средствата.

Парите  ќе бидат пренаменети и  за изградба и реконструкција на друга инфраструктура согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e