Наместо во затвор, сите на лекување: Мијалков немал конзилијарно мислење

Привичниот совет треба да донесе одлука и за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков дали ќе му го врати пасошот или не, кој Мијалков го побарал бидејќи, наводно, имал закажано операција на хранопровод во странство.

Неговата одбрана тврди дека имаат документ од клиника во кој стои дека таква операција во Македонија не може да биде извршена. Според информации кои ги пренесе Независен, Мијалков воопшто не бил прегледан на Клиниката за гастро-ентерохепатологија во Скопје, иако неговите бранители на 8 јуни побарале одговор од клиниката дали таму се врши некоја метода која треба да ги реши проблемите што ги имал со желудникот и хранопроводот. – пишува Независен.

его немаат дадено конзилијарно мислење што се дава за лекување во странство. Тие единствено дале одговор на барањето дали на нивната клиника се прави таква метода, но и објасниле дека за да се направи таква метода, треба да се направи проценка дали има потреба.

„Не е дадено конзилијарно мислење, има само мислење дали се работи методата кај нас. За да се добие било какво конкретно мислење за одреден човек, правилото на клиниката е човекот да биде прегледан, евалуиран на клиниката и стручниот колегиум да се изјасни за потреба за понатамошно лекување“, велат од Клиниката во разговор за „Независен весник“.

Повеќе прочитајте на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e