Намалено ДДВ за одредени лекови и за топлинската енергија

Владата денеска во рамки на 150.седница ја усвои Предлог – одлуката за изменување и дополнување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност.
Со оваа одлука, како што се посочува, се намалуваат цените на одреден број на лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина и се пропишува повластена даночна стапка од пет отсто за топлинска енергија за греење, која беше усвоена на една од претходните седници на Владата, се наведува во владиното соопштение.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e