Најголема излезност до 11 часот има во Ранковце, најмала во Сарај

Излезноста на гласачите до 11 часот е 14,18 отсто.

Вкупно на гласање во 44 општини каде што се гласа во вториот круг на Локалните избори своето право на глас го искористиле 160 035 граѓани, соопшти претседателот на Давната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Гласањето, според него, се одвива без проблеми и со уредите за биометриска идентификација на гласачите.

По општини во Ранковце на гласање излегле 38, 2 отсто од гласачите, во Вевчани 31, 24 отсто, во Демир Капија 30, 14 отсто, во Пехчево 28, 44 отсто, во Конче 26, 74 отсто, во Демир Хисар 25, 19 отсто, во Кратово 25, 12 отсто, во Пробиштип 24,75 отсто и во Лозово 23, 51 отсто. Многу мала излезност, како што соопшти ДИК, има во Сарај 5,19 отсто и Боговиње, 6,8 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e