Најчевска за протестот во Визбегово: Децата треба да се стават во пријателска, а не во примитивна средина

Тие луѓе во Визбегово сигурно имаат психички проблем чим не можат да се снајдат со 3 деца, тие луѓе треба да добијат писхијатриска помош. Средината во која ги ставиле е нездрава средина, каде не можат да одговорат на потребите на едно дете. Самата госпоѓа Тодоровска, „ние не сме добри за тие деца, ние сме примитивни луѓе кои не можат ништо да им пружат на тие деца.“, вели Мирјана Најчевска во однос на протестот во Визбегово против отворањето на групниот дом.

Најчевска смета дека удел во овој проблем има и Министерството за труд и социјална политика што не ги става децата во пријателска туку во примитивна средина.

-Можеме да ја побараме вината во министерството за труд и социјална политика. Кога сместуваш деца кои имале проблем со насилство од страна на возрасните, ги сместуваш во пријателска средина а не кај што живеат примитивни луѓе. Министерството требало да најде место каде не живеат примитивци туку цивилизирани луѓе. Требало да се разговара со тие луѓе дали има поединци кои имаат проблем и кои можат негативно да влијаат врз тие деца. Министерството направило грешка што не го испитало тој фактор и што ги донеле тие деца во средина, каде што не само што нема да можат да го надминат тоа што им се случило туку ќе бидат во средина каде ќе продолжат да бидат социјално не прилагодени деца, вели Најчевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e