Советот на Европа е составен од група многу поткупливи луѓе кои немаат појма од човекови права. Советот на Европа со изборот на Јован Илиевски за судија во ЕСЧП покажа дека ја поддржува фашистичката власт во Република Македонија. Еден единствен кандидат да беше, не смееше да биде избран, а во споредба со Наташа … И јас дефинитивно немам верба во овој суд. Немам верба дека е составен од луѓе кои можат да судат врз основа на ЕКЧП. Срамна и бедна одлука на Советот на Европа која ќе има далекусежни последици не само врз Македонија туку врз секој иден случај кој ќе дојде пред судот, а кој ќе биде решен со мито. Ова беше местото каде што се бараше конкретна одлука на европските држави да покажат кого го поддржуваат во оваа држава. Не продавање пуфки, не држење лекции, не држење предавања. Требаше да изберат. И тие избраа. Јасно и гласно ја поддржаа мафијата. Срам да ви е.
Фејсбук статус на Мирјана Најчевска, професорка, активистка и експертка по домашно и меѓународно право.
За поврзани вести продолжете надолу