Нафтените деривати повторно поскапуваат од полноќ, ова се новите цени

Од полноќ ново поскапување на цената на горивата. Ова следува откако денеска заседаваше регулаторната комисија за енергетика. Сите цени на горивата станаа троцифрени.

Дизелот од полноќ ќе се продава поскап за 2,5 денари, додека бензините се зголемуваат за 0,5 односно 1 денар по литар.

Ова се новите цени на горивата:

Еуросупер БС-95 – 110 денари
Еуросупер БС-98 – 112 денари
Еуродизел БС Д-Е V – 102 денари

Се зголемува и цената на екстра лесното масло и ќе изнесува 99,5 денари. Од утре и мазутот ќе се продава по поскапа цена, и ќе изнесува 55,5 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e