Над 20.000 членови го ажурирале своето членство во СДСМ за 10 дена

Над 20.000 членови го ажурирале своето членство во СДСМ за првите 10 дена, информираше генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.

4
„Задоволни сме од транспарентноста, демократскиот капацитет и начинот на којшто се реализираа оваа акција, почитувајќи ги сите мерки за заштита на здравјето“ – рече Николовски кој денеска заедно со потпретседателот Оливер Спасовски, во Кочани, го следеа овој процес и истовремено поразговараа со граѓаните, членовите и симпатизерите на СДСМ.

3
„СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија се менува, за уште подобро да им служи на граѓаните.
Оваа порака им ја упативме и на граѓаните од македонскиот исток и задоволен сум што позитивно гледаат на овие промени во СДСМ. Благодарни сме на поддршката од граѓаните, тоа е наш мотив да продолжиме по вистинскиот пат на реформи.“ – вели Николовски.

2 1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e