На територијата на цела држава изречени се 140 санкции за непрописно престигнување

Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 140 возачи.

Како што соопшти денеска МВР, од нив, 59 на територијата на СВР Тетово, а 20 непрописно престигнувале на територијата на СВР Охрид.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР, и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e