Гордана Силјановска Давкова во вечерашниот ТВ дуел на Телма побара од нејзиниот конкурент за претседателските избори Стево Пендаровски да не го повикува премиерот Зоран Заев на своите кампањски собири бидејќи тоа е, како што вели таа, недозволиво.
– Премиерот има јавна државна функција и тој и министрите не треба да доаѓаат на собирите. Јас сум дел од креаторите на Изборниот законик и знам дека тоа е недозволиво – рече Силјановска.
Таа рече дека Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ држи говори и присуствува на нејзините собири затоа што нема статус на премиер.
Пендаровски на ова возврати дека законски нема ништо спорно во целата ситуација.
– Не ги користат државните ресурси. Јас гарантирам, не смее ниту еден најмал ресурс да биде ставен во мојата кампања. Не се користени владини возила и ништо слично – рече Пендаровски.
