На Самитот „Отворен Балкан“ потпишани договори за соработка во областа на обезбедување храна, киноматографија и цивилна заштита

Денеска во рамки на Самитот „Отворен Балкан“, ресорните министерства од Северна Македонија, Србија и Албанија потпишаа договори и меморандуми за соработка.

На потпишувањето присуствуваа премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама.

Потпишани се договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ.

3

Исто така, потпишан е Меморандум за разбирање и соработка во областа на конематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура од Република Северна Македонија Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Република Србија Маја Гојковиќ и од Албанија Елва Маргарити.

2

Во рамките на Самитот Отворен Балкан беше потпишан и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

Овие договори и Меморандумот, уште повеќе ја зацврстуваат соработката на земјите од Отворен Балкан и нудат можност за зближување, зајакнување и обезбедување безбедна иднина за граѓаните на трите држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e