Владата на 2-ри февруари, на предлог на Инспекцискиот совет и со поддршка на Вицепремиерот Љупчо Николовски донесе одлука Државниот инспекторат за животна средина во 2021 година да може да вработи нови инспектори.
Новите инспектори ќе мора да се вработат најдоцна напролет, за да можат да полагаат за лиценци оваа година, се со цел да започнат со самостојни надзори со помала сложеност дури во 2022 година.
Доекипирањето на овој Инспекторат ќе овозможи навремен и ефикасен надзор, како и рамномерно покривање на сите општини и инсталации.