Функционерите од власта, секогаш кога не се на интервју кај своите новинарски слуги, не се чувствуваат удобно.
Последниот пример со интервјуто на министерот за одбрана, Зоран Јолевски покажа зошто функционерите на Вмро-Дпмне со години наназад одат само на договорени интервјуа и кај свои проверени новинари.
На интервјуто со новинарката од Алсат-М, Наташа Стојановска, на кое тема беше вклученоста на армијата во справувањето со поплавите, но и општата состојба и спремност на АРМ, ќебињата од ЈНА, буџетот на армијата и Министерството за одбрана, министерот Јолевски во еден момент побара камерата да биде исклучена.
По краткото недоразбирање, новинартака Стојановска продолжи со поставувањето на прашања.
Спорниот момент е во 11 минута од интервјуто.