На Деве Баир фатен турски граѓанин со фалсификувани зелени карти

На 26.03.2018 година во 00.15 часот на Граничен премин „Деве Баир“, за влез во Република Македонија се пријавил A.А. (37) од Република Турција, кој управувал товарно возило „Ивеко“, со полуприколка, со турски национални и регистарски ознаки.

При увид на документите што ги доставил  А.А., било утврдено дека меѓународните зелени карти за осигурување од автоодговорност биле фалсификувани, односно дека сериските броеви биле испечатени на принтер.

Лицето било лишено од слобода и е предадено на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e