На Цаци и треба нашата помош – да ја покажеме нашата хуманост!

На 29-годишната Цаци Тодоровска и е потребна нашата помош. Цаци е млада девојка со многу енергија која е вистински борец против неправдата. За жал неправдата и се случи токму на неа. Минатата есен таа доби неочекувани симптоми на вкочанетост и тежина во десната страна на нејзиното тело: прво ногата, а потоа и нејзината рака. Бидејќи е ултра активна дваесет и осумгодишна девојка, зафатена на сите фронтови (работа, клуб за статистика, клуб на академијата, пријатели, патувања и што не), таа мислеше дека ова се само обични предупредувања дека нејзиното тело е уморно и му треба малку одмор.

За жал, симптомите беа сигнал за  една посериозна ситуација. По преживеаниот епилептичен напад, на Цаци и беше дијагностицирана болеста Глиобластома – малигнен тумор во моторниот кортекс, од левата страна на главата. Беше преземена итна хируршка интервенција (во приватната болница Систина, во Скопје, Македонија), проследена со радиотерапија и девет циклуси на хемотерапија. Првично, резултатите упатуваа кон позитивни последици. Сепак, последните MRI резултати откриваат дека туморот повторно се појавува и брзо напредува, со четврт раст во големина, за помалку од еден месец.

????????????????????????????????????

Бидејќи ова е една од најагресивните верзии на тумор, таа треба да се лекува во специјализирана болница во САД, Центарот за тумор на Универзитетот во Тексас, MD Anderson а медицинските трошоци за третманот во болницата се проценуваат на или над 200.000 американски долари.

Ве молиме донирајте кој колку може. И најмалата сума која би можеле да ја издвоите би бил голем чекор за да се спаси животот на Цаци.

Донацијата можете да ја направите директно со вашата кредитна или дебитна картичка на овој линк , преку телефон на бројот: 143 483 (ВИП оператор) или директно на трансакциска сметка 200003381608851 – Стопанска банка АД Скопје

Фамилијата, другарите и сите што ја познаваат Ви се благодарни! 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e