На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
Добивај вести на вибер
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Дополнително, ревизорски извештај посочил на спорна и нецелосна документација во вредност од над 180 милиони денари, односно близу три милиони евра, во работењето на Лотарија во периодот кога со неа раководеле осомничените.
Во јавноста се отвори и прашањето за владина одлука донесена во време кога со седницата раководел Груби, со која државно земјиште било отуѓено за изградба на фотоволтаична централа.
Груби од 9 декември 2024 година се наоѓа и на т.н. „Црна листа“ на Стејт департмент на САД, поради наводна вмешаност во значителна корупција.
Од надлежните институции најавуваат повеќе информации во текот на денот, додека истрагата продолжува.
