МЗШВ: Повеќе од 180 земјоделци на трибината во Велес, заедно со министерот Николовски дискутираа за сите теми од земјоделството

Во врска со информациите во дел од медиумите дека сточарите ја напуштиле трибината, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство одговорно известува дека трибината ја посетија повеќе од 180 земјоделци  кои присуствуваа и активно дискутираа повеќе од два часа, до крајот на настанот, на разни теми од сите области на земјоделството. Неуспешен беше обидот на десетина партиски активисти да создадат впечаток дека земјоделците наводно ја напуштиле трибината.

54522922_2372059283015597_7460389829881102336_n

На денешната трибина во Велес, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи дека  МЗШВ и Владата ја следат состојбата со откупот на јагнето. Николовски потенцираше дека во моментов е сезоната на откуп,  но пикот на продажба се очекува да биде после први април пред самите празници.

20190322054115_IMG_4839_resized

„Знаеме за откупната цена. Вчера и завчера постојано тимовите од МЗШВ комуницираат и ги следат состојбите. Бевме и сме во комуникација со сите засегнати страни, со здруженијата и со сточарите. Се одржаа низа средби во претходниот период и како ресорно министерство и како Влада она што можам да го кажам е дека нема да дозволиме сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да прават загуба и верувам дека сите заеднички ќе донесеме решение“, изјави Николовски.

20190322055252_IMG_4883_resized

МЗШВ континуирано работи на воспоставување на контакти со нови пазари за извоз на јагнешкото и дека веќе течат преговори за добивање на квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар. Заедно со здруженијата на овчарите МЗШВ  редовно ја прати цената на европските берзи, посебно Хрватска, Грција и Италија како главни купувачи на македонското јагне.

20190322054143_IMG_4860

Во понеделник во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе се одржи средба со фирмите кои вршат откуп и извоз на јагнешко месо и претставници на кланичната индустрија. Со нив ќе се разговара за откупот на јагнето и движење на цената на пазарот. Додека во вторник  е договорена средба со Управниот одбор на Сојузот на одгледувачи на овци на Република Северна Македонија, на која ќе се разговара за производната и продажната цена на јагнето.

54435774_2372059316348927_1329778559819972608_n

Во меѓувреме, Агенцијата за храна и ветеринарство ја завршува процедурата со пописот кај овците и козите кој треба да заврши до крајот на јуни, кој што е важен за попрецизно дефинирање на политиките за секторот овчарство и распределба на субвенциите. Во делот на политиките за развој на овчарството, голем дел од барањата на овчарите се прифатени. Со Јавното претпријатие за пасишта се работи на  измени во Законот за пасишта со кои ќе се овозможи да се склучуваат повеќегодишни договори за користење на пасиштата, ќе се спроведе вакцинација на јагнињата против бруцелоза и вакцинирање за ентеротоксемија кај овците, која што МЗШВ ја субвенционира со 50 отсто. Во Програмата за рурален развој за 2019 е зголемена сумата за набавка на добиток од 14 на 91 милиони денари вклучително и за овчарство,  а за поголема сигурност во инвестицијата – фармерите кои планираат да инвестираат во добиток, прво ќе склучат договор за поддршка со Платежната агенцијата па потоа ќе ја реализираат инвестицијата. Исто така, во Програмата за рурален развој  се предвидени  средства за околу 50 фотоволтаични колектори и ќе бидат распоредени во бачилата кои немаат електрична енергија. Во Програмата за директни плаќања 2019 година, зголемена е субвенцијата за литар произведено и предадено овчо и козјо млеко од 4 на 4,5 денари по литар. Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, во декември 2018 година, од Република Северна Македонија  се извезени 2.897 јагниња или количина во килограми 33.509кг. Оваа година се извезени 16.533 јагниња или количина во килограми 173.427 килограм.

55468430_2372059263015599_2835811925948891136_n

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e