МЗШВ: Огласот за вработување е за сите етнички заедници

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство остро ги демантира наводите за дескриминација кон етничките малцинства во огласот за вработување бр.70/2018. Движењето Беса шири невистини во медиумите, со цел да манипулира со јавноста.

Огласот за вработување бр.70/2018, кој МЗШВ го распиша на ден 11.06.2018, е изработен согласно позитивните законски одредби и годишниот план за вработувања за 2018 година. Истиот целосно ја запазува можноста за аплицирање на сите етнички заедници. Имено, од вкупно 42 работни места предвидена е можноста е да аплицираат 28 припадници од македонската заедница, 10 припадници од албанската, 2 припадници од турската, 1 припадник од ромската и 1 припадник од другите етнички заедници во РМ.

Во однос на употребата на македонскиот јазик, МЗШВ потенцира дека министерството не ги пропишува општите услови на огласот, туку тие се изрично наведени во член 31 став 1 од Законот за админисративни службеници.  Тука се пропишани сите општи и посебни услови за вработување на секој админстративен службеник.

МЗШВ останува посветено на обезбедување подобри услови на земјоделците и сите засегнати страни. Истовремено министерството се грижи и за подобрување на работните услови на своите вработени, водејќи сметка и за правичната застапеност при секое наредно вработување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e