Објавен e повикот за барања за исплата на 50 отсто од трошоците за мерката набавка на педигриран добиток од увоз или со потекло од признати организации. Мерката е наменета за оние фармери кои го набавиле добитокот до 31.12.2017 гдоина. Средствата се обезбедени од Програмата за рурален развој, а преку Платежната агенција.
Условите за користење на оваа мерка за следните огласи се изменети, и тоа со цел нивна поефикасна искористеност и поголема сигурност за оние кои вршат набавка. Имено, прво ќе се објавува огласот, потоа ќе се склучува договорот, а по реализираната инвестиција ќе се изврши исплата.
За создавање подобри услови за развој на сточарството, се подготвува и објава на наменскиот оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за сточари. На овој начин обезбедуваме поголемо и посигурно производство на добиточна храна.