Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска, од страна на Сојузот на здруженијата за техничка култура на Р.Македонија, доби плаката за повеќегодишна соработка при реализирање на програмата на Сојузот.
Наградата ја прими ресорниот министер, Љупчо Николовски.
“Ми беше чест денеска да примам плакета од Сојузот на здруженијата за техничка култура на Р.Македонија, како организатори на познатите тракторски натпревари во земјава.
#МЗШВ, останува отворено за соработка со сите чинители во секторот земјоделство, бидејќи на тој начин се носат правилни мерки за овој значаен сектор”, вели Николовски.