Соопштение на Министерството за здравство:
Не се вистинити информациите објавени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
Компанија со име „Канабис ОНЕ Доо Струмица“ нема добиено лиценца од Министерството за здравство, така што информацијата објавена од опозицијата е целосна невистина.
Во Министерството нема ниту поднесено барање од „Канабис ОНЕ Доо Струмица“ за почнување на постапка за добивање на лиценца.
Министерството упатува апел до политичките партии да се воздржат од пласирање лажни вести и невистини, како и од инволвирање на приватни субјекти и нивно етикетирање.
