МВР објави видео од вчерашните контроли во Тетово

Контролите почнаа во 22 часот во Прилеп и продолжија до рано изутрина во Велес, Тетово и Гостивар. На подрачјето на СВР Тетово односно градовите Тетово и Гостивар, контролирани се 31 објект. При извршените контроли, на 19 објекти од страна на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат изречени се мерки забрана за вршење на дејност во траење од 15, односно 30 дена за непочитување на законските прописи согласно Законот за регистрирано готовинско плаќање (неиздавање на фискална сметка или непоседување на фискален апарат) и Законот за угостителска дејност (физичко лице кое врши угостителска дејност без да се регистрира во регистар).За време на спроведувањето на акциската контрола приведени се вкупно 26 лица, од кои 16 македонски државјани (поради поседување на наркотична дрога и непоседување на документи за лична идентификација) и десет странски државјанки (девет државјанки на Република Србија и една на Република Црна Гора) поради злоупотреба на туристички престој во РепубликаМакедонија и нерегулиран престој во Република Македонија. Против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e