МВР го откри идентитетот на убиецот на фудбалерот Јанушев

Полицијата го откри идентитетот на убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев.

Се работи за осуденик кој издржувал шестгодишна казна затвор за трговија со дрога. Во времето кога се случило убиството тој користел слободен викенд надвор од затворот.

Секуловски е во бегство и по него ќе биде распишана потерница.

Министерот Спасовски изјави дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот и во моментот МВР е насочено на неговото откривање.

– Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница итн. за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот, додаде Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e