Морам да укажам дека со ова политичкото влијание дека можеби во сето ова лошо има и нешто добро. Време е нашите политички партии да го сменат начинот на политичко дејствување, рече аналитичарот Алберт Муслиу во дебатната емисија „Само Вистина“, на Канал 5 Телевизија.
„Тие големи собири кои ги прават кога се мерат силите помеѓу партиите кој ќе собере публика таму, па ги малтретираат со автобуси, итн. Мислам дека можеби ова треба да биде поттикот и реално да ја сменат кампањата.
Да земат малку поевропски текови, може да имаат сали, да ги користат медиумите , нема потреба да се собираат 20-30 илјади луѓе, непотребно е тоа. Тоа е апсолутно непотребно и тоа е одлика во западните држави на движења на реакции на граѓаните, протести кога се прават ама не на политичките партии“, потенцираше Муслиу.
На прашањето на новинарката дали мисли дека непосредниот контакт со политичарите има најголемо влијание, Муслиу одговори дека непосредниот контакт и не се остварува на големи митинзи затоа што на големи митинзи еден зборува другите слушаат.
„Непосредниот контакт има други методологии како се реализира и тоа: врата на врата, со помали собири, со одење кај граѓаните. Но според мене мислам дека тој пристап е погрешен. Да се собираат толку голем број на луѓе само да се докаже силата. Силата на крај се рефлектира на денот на изборите, во 12 часот навечер ги кажуваат резултатите и тука е силата. Можеби за жал има дел од граѓаните кои се покомформистички настроени па ќе препуштат на таа нивна неодлучност накај оној кој мислат дека е појак. Што мислам дека е погрешно и граѓаните треба да ги пратат програмите, да ги гледаат кој им ги претставува и да одлучат врз основа на тоа“, истакна Муслиу.