Нема причина зошто да не им се верува , тоа не е нешто што може да се скрие, вели аналитичарот Алберт Муслиу во дебатната емисија „Само Вистина“, на Канал 5 Телевизија како одговор на прашањето на новинарката дали верува на здравствените власти кога велат нема место за паника, дека состојбата се следи, дека институциите ги преземаат конкретните мерки и дека функционира штабот.
„Нема причина зошто да не им се верува , тоа не е нешто што може да се скрие.
Ако тие добро не го изменаџираат процесот и ако сепак се појави ние сме сепак мигрантска држава. Ние не дека немаме контакти со Италија и Европа еве дури и со Кина видовме има студенти, таму има луѓе кои се вработени така да немам зошто да не им верувам“, истакна Муслиу.