Муслиу: Ако добро го испланираме финансискиот пакет, нема да има драматични последици врз економијата

Запрашан како владата се справува со економските последици од корона-кризата, аналитичарот Алберт Муслиу во вечерашново издание на “Само вистина” на Канал 5 телевизија со свое видување:

“Прво, ние имаме една колективна навика да се жалиме за што и да се прави. Не можеме ние да инсистираме дали владата ќе отпушта вработени или ќе прима вработени, да инсистираме да има идеални мерки. Не можеме да инсистираме да паѓаат даноците, а да се зголемуваат мерките. Тука треба да се најде правиот баланс, не дека овие мерки што се спроведуваат се идеални, но верувам дека во периодот што следи тие ќе бидат зајакнати. Еден добар факт кој треба да се поздрави е што имаме инсистирање на опозицијата да се зголемат финансиите кои ќе се вбризгаат во економијата. Се надевам дека владата тоа ќе го прифати. Владата не може да ги измисли финансиите, туку треба да ги обезбеди. Во ситуации каде нема прилив во буџетот, а има само одлив, секако дека тие ќе мора да одат во задолжување. Во однос на спорведувањето на мерките, сепак ќе ви кажам дека од овој процес треба сите да учиме. Една категорија на граѓани се ослободени од мерките за време на викендот, тоа се земјоделците. Верувам дека таа категорија треба да биде поголема, не само земјоделците во државата работат, имаме и други групи кои работат и кои треба да го искористат овој период за да обезбедат нешто за својата егзистенција. Секако, треба да се прави и дистинкција помеѓу големите и богатите компании и средните и микро компании. Повеќе внимание треба да се посвети на средните и микро претпријатија, во однос на вбризгувањето на финансиски средства, додека кај големите компании треба да се зголеми помошта за одржување на работната сила. Не можеме ние да очекуваме дека нашата економија од сево ова ќе излезе без никој да биде повреден.

Мислам дека ние ќе бидеме поеластични дури и од западноевропските економии затоа што нашите компании навикнале да работат во опкружување и услови кои не се многу лесни. Тоа е предност на нашите компании. Верувам дека допрва следуваат сериозните бројки, меѓутоа не верувам дека ќе имаме драматични последици врз економијата ако добро го испланираме финансискиот пакет” – заклучи Муслиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e