Мултифункционалната Национална арена ќе го носи името „Тоше Проески“

На денешната 129-та редовна седница Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за преименување на мултифункционалната национална арена „Филип Втори“ во Национална арена „Тоше Проески“.

Портпаролот Миле Бошњаковски на својот Tвитер профил прв ја објави веста. Напиша, дека градски го менува името во чест на личноста која остави траен белег на македонската и регионална современа историја.

Градскиот стадион името Национална Арена Филип Втори го доби во 2009тата година. Тогаш започна и неговата целосна реконструкција која беше завршена во 2013тата. Во 2016тата арената го смени своето име, но набрзо потоа повторно беше вратена во Национална Арена „Филип Втори“.  Стадионот максимум може да собере 33 илјади гледачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e