МТСП: Јавна расправа за предложениот Закон за социјална заштита, се очекува социјалната реформа пратениците да ја изгласаат до крајот на март

Јавна расправа за Предлог законот за социјална заштита денеска со почеток во 12 часот ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија. На расправата покрај учествотото на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и пратеници се очекува да дискутираат и претставници од граѓанските организации и експерти. Предложениот Закон за социјална заштита е една од трите законски регулативи од социјалната реформа со која се преобразува целото општество и начинот на кој државата се грижи за најранливите, но и се воведува праведна распределба на средствата

Министерството за труд и социјална политика коешто ја подготви социјалната реформа очекува пратениците во најскоро време да ги донесат законите со кои се овозможуваат реформи во социјалната сфера, а треба да им овозможат поквалитетен живот на сите граѓани.

Според проценките на МТСП со социјалната реформа ќе бидат извлечени 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија, но и ќе се обезбедат еднакви шанси за секое дете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e