Негативниот рејтинг на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на анкетите е поголем од 70 отсто. Сите што се разбираат во анкети и во политика знаат дека со таков рејтинг не е можно да се победи на избори.
Ова за емисијата „Во Центар“ која се емитува на youtube каналот Васко Ефтов го изјави членот на иницијативниот одбор за Вонреден Конгрес на партијата, Ивица Коневски.
Според Коневски, Мицкоски ќе биде сменет на следниот вонреден конгрес закажан за 28 март.
Но како што вели тој, се сомнева дека Мицкоски имал план на конгресот кој си го закажа, во ноември оваа година, да не се кандидира за лидер на партијата туку за таа позиција да го номинира актуелниот потпретседател, Александар Николоски.
Според Коневски, постои мртва трка меѓу Мицкоски и Николоски кој ќе биде полош претседател на партијата.