Моника во притвор, правдата за неа ќе ја бара и Борјан Јовановски

Активистката Моника Ристевска се огласи од притвор, кој и беше вчера одреден по претрес во нејзиниот дом.

„Не ме барајте, во притвор сум 30 дена“, напиша таа на својот фејсбук профил. За денеска е најавен протест пред Основното јавно обвинителство по повод нејзиното приведување. Протестот го организира здружението Билка, а поддржувачите најавуваат дека ќе протестираат со џоинт. Целта е да се подигне јавната свест за бенефитот од конзумирањето на билката канабис.

Новинарот Борјан Јовановски пак најави на својот фејсбук профил дека денес со џоинт ќе протестира пред Основното јавно обвинителство поради притворот на активистката Моника Ристеска. Тој ги повика да му се придружат сите поддржувачи на легализација на марихуаната за рекреативна употреба.

„Драги пријатели, сите кои конзумирате канабис ве повикувам утре на пладне секој со својот џоинт да се собереме пред ОЈО. Притворот за луѓето кои уживаат канабис е недопустлив во ова време кога цел цивилизиран свет го легализира уживањето на марихуаната! Притвор за криминалци Слобода за слободољубци. Правда за @monikakonopova“, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e