МОН ќе прави измени во учебникот по социологија во кој пишува дека ако жената седи дома, нема да биде криминалец

МОН ќе прави измени во учебникот по социологија за втора година средно образование, кој деновиве предизвика големи реакции во јавноста.

Негативни реакции предизвика досржината која ја дискриминира жената, односно тврди дека ако жената е затворена дома, таа нема можност да биде криминалец.

„Причините за различното учество на жените во криминалитетот се објаснуваат со општествената положба на жената. Ако жената е затворена во домот и нема никакви јавни улоги, таа нема можност да прави кривични дела. Жената на тој начин е заштитена од многу комуникации, одговорности, ангажмани, натпревари, конфликти и е упатена да се грижи за семејството, а со тоа помалку е изложена на влијанието на објективните криминогени фактори. Во услови на поголема општествена активност можно е да дојде до поголема криминална активност особено кај некои видови кривични дела“, пишува во учебникот.

Планот на Педагошката служба за ревизија на учебниците го содржи и овој учебник по социологија и до почетокот на следната учебна година неговата содржина ќе биде измената, а по повторното печатење учебникот ќе биде дистрибуиран до училиштата, информираат од МОН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e