Со молба повеќе од десетина страници и од адвокатскиот тим на поранешниот премиер Никола Груевски бара одложување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот „мерцедес“.
Молбата Груевски да не оди во затвор е архивирана во Кривичниот суд и судијата има рок до четврток да одлучи, дали Груевски на 8 ноември ќе оди во „Шутка“ или ќе му даде дополнителни три месеци слобода, објави денеска 1ТВ.
– Не би давал изјава сега. Можеби некој друг ден – кусо рече поранешниот премиер Никола Груевски.
