Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт (АМС), Наумче Мојсовски, беше присутен на редовното собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), го поздрави проширувањето на Суперлигата за следната сезона.
„Го поздравувам ова проширување на лигата кое мислам дека за нашиот ракомет ќе направи доста. Покажавме и докажавме дека ракометот еи ќе остане спорт број еден. Честитки за пласманот на големите натпреварувања и секако ние како држава и како Агенција за Млади и Спот ќе стоиме рамо до рамо со федерацијата и се надевам дека сите предизвици кои претстојат оваа година ќе ги истуркаме заедно и ќе завршат успешно“, изјави Мојсовски.
Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт потенцира дека оваа институција и државата ќе останат партнери на македонскиот ракомет и во периодот во кој следи.
Извор: Гол