Преку кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ компанијата „Моцарт“ досега помогна на повеќе од 40 спортски клубови на кои им обезбеди комплетна спортска опрема.
Во рамки на оваа кампања компанијата обезбеди комплетна спортска опрема за повеќе од 40 мали спортски колективи во земјава. Направени се повеќе од 1.200 дресови на кои пишува „Mozzart“, а ги носат играчите од повеќе од 40 клубови како домашна и гостинска гарнитура.
– Клубовите кои добија комплетна опрема (домашна и гостинска гарнитура) играат фудбал, кошарка, ракомет, одбојка… Опфатени се различни категории, од јуниори до сениори, од клубови кои играат рекреативно до клубови кои се натпреваруваат во некоја професионална лига, соопшти компанијата.
Опрема досега од компанијата добиле локалните клубови ФК Брегалница Штип, ФК Тиквеш Кавадарци, ФК Кадино, КК Куманово, ФК Напредок Крушеани, ФК Тиверија Струмица, ЖКК Струга 2009, ЖОК Љуботен Тетово, ФК Плачковица Радовиш, ФК Слога Виница, КК Пелистер Битола, ФК Волково Скопје, КК Академија Баскет Скопје, ФК Чешиново Кочани, ЖРК Ѓорче Петров Скопје, ФК Преспа Ресен и многу други.
Од клубовите изразуваат благодарност до компанијата на донациите кои пристигаат на нивна адреса. Тие додаваат дека овие дресови многу им значат и им даваат мотив да продолжат да го прават она што го сакаат, како и да целат кон повисоки рангови на натпреварувања.
– Нашата цел е преку оваа кампања да ги поддржиме локалните спортски клубови, а со тоа да придонесеме кон развојот на домашниот спорт. Настојуваме да ги опфатиме сите категории, од најмалите јуниори до искусните сениори, женски и машки клубови од различни спортови меѓу кои фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и др. Продолжуваме и понатаму со оваа кампања која носи надеж меѓу спортистите и им посакуваме многу нови успеси на патот кон врвот, изјавија од менаџментот на „Моцарт“.