Во маски на функционерите од ДУИ и сечејќи црвена лента, младинскиот форум на Движењето БЕСА се фотографираше упатувајќи порака дека илјадници пати функционерите на ДУИ ветиле изградба и пуштање во употреба на автопатот Скопје – Блаце, но до денес такво нешто не е реализирано.
„Ние сме тука за иронично, за сечење на лентата на нивните неуспеси и симболично да го направиме отворањето на овој пат кој сè уште не е започнат, за да се изгради за вас.“ – порачаа на прес конференција.
„Инаку ДУИ е позната и како “предмет на црвената лента”, затоа што многу ленти се сечат за проекти, но за жал нецелосни. Младинскиот форум на Беса движење ќе ги следи чекор по чекор сите неуспеси на ДУИ и во исто време ќе биде моќен глас на ДУИ и владата, која за секој ден ја губи вербата кај граѓаните поради нереализирање на изборните ветувања“ – порачаа од младинскиот форум на Движењето БЕСА.