Младината на СДСМ со подршка на протестот за случајот “Јавна соба”

Денеска дадовме поддршка на жртвите од групата Јавна соба.Како прогресивни млади луѓе силно се залагаме за градење на општество во кое нема место за какво било физичко, психичко или сексуално насилство. – порача денеска претседателот на СДММ – Марко Михаилоски.

Секогаш гласно сме зборувале и сме преземале активности за спречување на насилство и нема да дозволиме ниту една форма на насилство врз жени, девојки или кој било поединец, да останат неказнети. – посочи тој.

Добро е што институциите се будни и преземаат мерки.
Ги поздравуваме најавените измени на Кривичниот законик и воведувањето на нови кривични дела „Демнење“ и „Сексуално вознемирување“ кои ќе обезбедат поширок простор за ефикасна превенција од насилство и казнување на сторителите.

Ги охрабруваме сите жртви на секаков облик на насилство, да не молчат и да пријавуваат. Државата, институциите се тука за да ги заштитат, порача Михаилоски на фејсбук профилот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e