Координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието на РС Македонија, Јован Митревски вели дека законите кои се заглавени во Собранието се заглавени од Комисиите и работните тела чии претседатели се токму пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
-Законот за отпис на камати на ЈП стои во процедура од 1.10.2020 година. Процедурата не е е завршена бидејќи претседателот на Комисијата и замнеки претседателот на Комисијата кој што е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не закажува седница на Комисијата за да можат овие работи да поминат, вели Митревски за Утрински брифинг.
