Митрески: ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да ја научи лекцијата од изминативе години

Стравот кај ВМРО-ДПМНЕ е преголем и јавно го покажувате. Не можете да се помирите дека Зоран Заев е претседател на СДСМ и ќе не води до нова победа. ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да ја научи лекцијата од изминативе години. Со лаги и измилици не може да го манипулира народот, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески во денешното обраќање на седницата во Собранието.

-Македонските граѓани не се наивни. Тие знаат со кого си имаа работа 11 години, и затоа се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се директни извршители на наредбите на Груевски.За ВМРО-ДПМНЕ не е важно нити правото нити правдата, туку заштита на криминалот и на партиските интереси, додаде Митрески.

Денешниот ден е најава за тоа што ќе се случува, најава за уште една победа на коалицијата предводена од СДСМ и Зоран Заев, најава за иднината на држава, најава дека ќе се движиме напред и ќе бидеме европска држава, нема да се вратиме назад кон темното минато кое вие го нудите, заклучи Митрески, рече Митрески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e