По подолго време пауза на Парламентот, денеска пратниците повторно се враќаат во собраниската сала откако се формираше ново парламентарно мнозинство.
-Ние координаторите на пратеничките групи одржуваме редовни координации и договоривме како ќе функционира Собранието во наредниот период. Работевме во Комисијата за финансирање и буџет на донесување на буџетот за 2022 година, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески.
На дневен ред пред Собранието е продолжување на кризната состојба што ја одобруваат пратениците поради мигрантската, ковид и енергетската криза. Од утре се очекува да се изгласа буџетот, а дискусијата на седницата може да трае пет ден, информира Митрески.
-Законот за неработна недела поради блокада од ВМРО ДПМНЕ не успеавме да го донесеме во септември, разговаравме за тоа да помине на комисијата исто како и законот за минимална плата и се надеваме во следниот период да бидат донесени овие закони, вели Митрески.
