Митрески: Нема потреба од нов закон, 68 000 граѓани веќе добиле државјанство со два закона

„Станува збор за амандмани на ВМРО ДПМНЕ и Левица со кои се блокира Законот за државјанство поднесен од Алијансата на Албанците и Алтернатива. Нема ниту еден амандман од мнозинството, но, ние ги кажавме нашите забелешки, и според меѓународните конвенции и според експертите, не знам дали можеме со ваков закон да го решиме статусот на некои граѓани. Сме имале вакви закони и опфатени се прво 62 000 граѓани, после во 2004 година има нов закон и биле решени 6 000 граѓани. Значи не знам од каде се тие жители кои 30 години немале државјанство како што тврдат од Алијансата и Алтернатива, кога на два пати сме имале закони во овие три децении.“ изјави пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, во емисијата „Отворено“ на телевизија 24.

Дополни дека, како и да е, парламентот го блокира опозицијата, а за предлог Законот за државјанство, СДСМ нема да гласа, ако е со ваква содржина. Најави дека СДСМ сака решение за овие луѓе, но не на ваков начин.

„Наш став е дека со ваква содржина не може да се донесе закон. Нашиот став е дека нема да го гласаме. И не гледам причина зошто преку овој закон да се блокира парламентот. Затоа, според мене има два логични заклучока. Или се договорени како опозиција сите партии и така го блокираат парламентот или албанската опозиција влегла во шемата на ВМРО ДПМНЕ и на Левица и сега сите го блокираат.“- рече Митрески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e