СДСМ објави дека пратеникот од редовите на оваа партија, Дарко Кавески, по судски пат ја добил тужбата против портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
Митева на прес-конференција на почетокот од 2021 наводно навела невистините детали за имотната состојба на Каевски.
Во судската одлука е наведено дека Каевски барал оштета од 100.000 денари, но тоа било само делумно усвоено и судот и наложил на Митева да му исплати на пратеникот 40.000 денари.
„Основниот граѓански суд во Скопје утврдил граѓанска одговорност од портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева. Во судска постапка е утврдено дека Митева ширела невистини за имотот на пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски и со тоа го повредила неговиот углед и неговата чест.
Ниту Каевски имал милиони како што лажно тврделе ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак имало нешто спорно во пријавеното“, соопшти СДСМ.

