Министерот Владо Мисајловски, не само што не одговара на овие прашања, туку нема ниту одговор дали дел од фирмите кои како конозрциум го добиле проектот сега се во стечај, и што ќе се превземе за да продолжат активностите за продолжување на градбата.
Иако пругата од Битола до Грција требаше да биде готова пред повеќе од еден месец, и по неа веќе требаше да сообраќаат возовите – засега работата не е завршена ниту до пола. На трасата што треба да биде долга 17 километри, железничка пруга има поставена на само околу еден километар, а најголемиот дел од останатата траса се уште е само земјен пат. Граѓаните што пред две недели ги анкетираше Алсат-М, се резевирани околу завршувањето на проектот.
„Очекуваме наскоро, за поарно. Ќе видиме. За децата барем да се изгрдади, ако не за нас“, рекоа анкетираните граѓани.
Но, освен што изградбата доцни, проблемот се дополнително комплицираше со тоа што домашните фирми, што работеа како подизведувачи се пожалија дека не добиле пари, ниту за она што досега го сработиле, по што стопираа со работа. Тендерот за изградба на пругата го доби конзорциум предводен од бугарски фирми. Овој проект се финансира со пари од ИПА фондовите, за што е добиена сума од 20 милиони евра. Почна да се гради во јануари минатата година, а требаше да биде завршен на 30 јули годинава.
Прашања испратени до Министерство за транспорт и врски
• Зошто доцни изградбата на пругата Битола – Грција?
• Зошто е стопирана работата на пругата?
• Дали дел од фирмите што се во конзорциумот се во стечај?
• Што ќе се превземе за да продолжат активностите на пругата ?