Мисајловски со фотографија од Германија ја критикува градежната офанзива на власта

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на Фејсбук објави фотографија од реконструкција на пат и праша дали ова е градежната офанзива на владејачкиот СДСМ.

Асфалтираниот дел, како што се гледа од фотографијата, наместо рамен е брановиден.

1
Но, набргу стигнаа и коментари со критики за ширење лаги бидејќи фотографијата која ја објави всушност е од Германија за која пишувале и германските портали. Фотографијата е од малата општина Киршдорф во покраината Баварија.

2
„Има ли дно срамот на ВМРО-ДПМНЕ? Веројатно не, кога зборувам дека освен деструкција, лаги и манипулации друго не знаат и не ги бидува за ништо мислам на ова!“, напиша портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Извор: 360 степени

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e